Австрискиот конзулат во Битола беше првото дипломатско претставништво не само во Битола, туку и на територијата на денешна Северна Македонија. Со одлуката донесена во 1851 година и доаѓањето на првиот австриски вицеконзул, Фридрих Вестермајер, Битола станува точка на која Австрија а подоцна и Европа ги отвораат својоите прозорци кон овој дел од Балканот. Од тогаш, Австрија не влијае само преку дипломатијата. Влијае и преку стилот на живеење, преку трговијата, културата и архитектурата.
Визија на почесниот конзулат е:
– да ја зајакнеме соработката меѓу австриските и македонските компании,
– да создадеме нови културни мостови преку културно уметнички настани, поддршка и промоција на уметници…
– и да им отвориме врати на младите од Битола и од земјата кон образование и искуства во Австрија и на младите од Австрија кон културата и менталитетот на македонскиот народ.
Ако во 19 век австрискиот конзулат бил симбол на отворање кон светот, денес е симбол на ново партнерство – практично, живо и видливо во конкретни дела.

Австриски почесен конзул: Игор Божиновски
Игор Божиновски е Почесен конзул на Република Австрија во Република Северна Македонија со седиште во Битола. Бизнисмен со долгогодишно професионално искуство и силна посветеност кон развојот на културната, економската и образовната соработка, тој активно придонесува за унапредување на односите меѓу двете земји.
Како Почесен конзул, Божиновски работи на промоција на австриските вредности, поддршка на австриските државјани и јакнење на пријателските врски меѓу Австрија и Северна Македонија.
Корисни информации:
Информации за настани, објавувања и деловни можности на Трговското одделение Скопје можете да добиете на:
Трговско одделение Белград/Канцеларија Скопје:
Настани
Локација, контакт и работно време
Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола е лоциран на адресата:
+38970333964
За сите конзуларни прашања Ве молиме да не контактирате на:
Почесниот конзулат е отворен за посета од понеделник до петок од 12:00 до 15:00 часот. (освен на австриски и македонски празници).
Надвор од работното време, можете да се јавите во Австриската амбасада во Скопјe од понеделник до петок, во текот на работното време, од 08:00 до 16:00 часот на +389 2 3083 400.
После работното време, австриските граѓани во итни случаи можат да се јават на +389 70 344 722.
